Search

(Видео) Нејмар „поцрвене“ за да може да скокне на карневал во Рио !

Францускиот фудбалски првак ПСЖ во 26. коло го совладаа Бордо (4-3) пред своите навивачи, а најскапиот играч во светот Бразилецот Нејмар заработи црвен картон во судиското продолжение.

Ова исклучување за Нејмар во медиумите е окарактеризирано како намерно откако мината недела пишуваа дека Бразилецот за првпат по шест години нема да присуствува на карневалот во Рие де Жанеиро.

За да не биде така, Нејмар си направил стратегија и поцрвене против Бордо, па сигурно го пропушта дуелот следниот викенд против Дижин. Оваа тактика Бразилецот е ипробана на двапати кога беше играч на Барселона, а во последните три сезони беше надвор од натпреварувачкиот тим во овој период поради повреди или рехабилитација.

И новата принудна пауза Нејмар ќе ја искористи да скокне до Рио и да ѕирне каква ќе биде атмосферата на карневалот.

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави