Search

Нејмар повторно поцрвене во ПСЖ за да оди на карневалот во Рио

 – Само што француските медиуми објавија дека Нејмар, конечно, нема да оди на роденденот на сестра му, но и на карнавелот во Рио де Жанеиро, стигна демант. Бразилската ѕвезда во дресот на ПСЖ доби црвен картон во синоќешниот меч со Бордо и се ослободи од обврски кон „светците” за наредниот период што влева доза на сомнеж за начинот на кој успеа да издејствува слобода.

Исклучувањето се случи во судиското екстра време на натпреварот и тоа на средина на теренот. Француските медиуми веднаш се распишаа дека Нејмар секој пат во овој период од годината или е повреден или е под суспензија за да може да „избега” на неколку дена до Рио, но и да биде дел од роденденската забава на сестра му.

Сè уште е непознато на колку време ќе биде суспендиран, но претпоставките се дека ќе добие два меча што е доволно време да „скокне” со прочуениот карневал во олимписко Рио кој трае до 26 февруари.

Треба да знаете
Последни објави