Search

Нејмар: Мбапе го направи вистинскиот потег

Одлуката на Килијан Мбапе да остане во Пари Сен Жермен предизвика одушевување како кај навивачите на тимот од Париз, така и кај неговите соиграчи.

Тоа го потврди Бразилецот Нејмар по натпреварот против Мец кој заврши со убедлива победа на ПСЖ од 5-0.

„Мбапе го направи вистинскиот избор. Ова е неговиот град, неговиот клуб. Одушевен сум што во следниот период ќе играме во ист тим. Не треба ни да кажеме дека е еден од најдобрите во светот“, изјави Нејмар.

Новиот потпис со „светците“ Мбапе го зачини со хет-трик против Мец, а на истиот натпревар стрелец на еден гол беше и Нејмар.

Треба да знаете
Последни објави