Search

Нејзиниот сопруг тврди дека сè е во ред со нивниот брак, но медиумите пишуваат друго: Принцезата од Монако пронашла утеха во рускиот милијардер

Како што открил нејзиниот сопруг, принцот Алберт, откако со своето исчезнување повторно ја загрижи јавноста, принцезата Шарлин моментално се лекува во институција надвор од Монако.

Само неколку дена откако се врати од Јужнофриканската Република, каде престојувала 10 месеци, таа повторно морала да се одвои од сопругот и нивните 6-годишни близнаци Габриела и Жак бидејќи била физички и психички исцрпена и сфатила дека ѝ е потребна помош.

Но, медиумите пишуваат дека принцезата Шарлин има поддршка во текот на лекувањето, а станува збор за рускиот милијардер Владимир Доронин кој ѝ е познат на јавноста и како поранешен вереник на супермоделот Наоми Кембел.

„Шарлин и Владимир се во контакт и поминуваат голем дел од времето заедно“, вели извор за „The Sun“.

„Се чини дека во него пронашла поддршка во текот на своите брачни проблеми“, додал изворот.

За проблемите во бракот со принцот Алберт постојано се зборуваше во текот на нејзиниот престој во Јужноафриканската Република и многумина се сомневаа дека таа нема да му се врати, но принцот упорно и остро ги демантираше таквите гласини.

„Ова веројатно ќе го повторам уште неколку пати, но сè е во ред со нашиот брак. Сакам тоа да го разјаснам“, изјавил Алберт минатата недела за „People“ и додал дека нејзината моментална состојба е резултат на неколку фактори кои се приватни.

„Не беше подготвена да се справи со сите обврски и беше видно исцрпена“, нагласил тој.

Имено, Шарлин на почетокот на септември беше итно хоспитализирана во јужноафриканска болница откако се онесвестила поради компликации предизвикани од инфекција.

Но, нејзиниот брак со Алберт ја интригираше јавноста уште пред наводното бегство за Африка, а познато е дека таа се омажи за него во солзи, откако дознала за неговото вонбрачно дете.

Интересно е тоа што на нивната венчавка присуствувал и Владимир, кој сега се поврзува со принцезата, а во тој период сè уште бил во врска со Наоми, која му била придружничка и која со текот на годините се спријателила со кралската двојка.

Инаку, Доронин и Кембел беа 5 години во врска, а по раскинувањето Наоми се пресели во Москва.

Треба да знаете
Последни објави