Search

Нетси подобри од Булси, Јута пак поразена, навиваи се тепаа на мечот Лејкерси-Сакременто

Чикаго и Бруклин го играа дербито на истокот на, а на крајот славеше гостинскиот тим.
Бруклин го доби дербито на истокот со 112:138 во убедливо највозбудливиот дуел од вчерашната програма. Предводници на Бруклин беа Кевин Дурант и Џејмс Харден со по 27 и 25 поени. Харден стигна и до дабл-дабл со 16 асистенции и седум скока.

Треба да се истакне и учинокот на Милс и Шарп кои постигнаа по 21 и 20 поени. Кај Чикаго најефикасен беше Зек Лавинсо 22 поени.

Дабл-дабл учинокот на Лука Дончиќ не беше доволен за Далас да биде конкурентен на гостувањето кај Њујорк (108:85).

Лука Дончиќ забележа 21 поен и 11 скокови, но немаше поддршка од соиграчите на гостувањето против Никс. Њујорк доминирал во текот на целата средба, а Барет бил најефикасен со 32 поени, додека зад него останал Робинсон со 19 поени.

Тимот на Јута Џез загуби на домашен терен од Кливленд Кавалирс со 91-111 и го забележаа четвртиот пораз во низа. Најефикасен беше Џордан Кларксон со 22 поени, додека Кливленд го предводеше Ламар Стивенс со 23 поени, а Лаури Марканен постигна 20 поени.

Леброн Џејмс и оваа вечер беше солиден, но сепак Ла Лејкерси беа поразени од Сакраменто. Џејмс натпреварот го заврши со 34 поени, 7 скокови и 6 асистенции. Кај Сакраменто Фокс уфрли 29 поени и додаде уште четири скока и асистенции. За Лејкерси ова е втор пораз во низа откако претходно беа поразени од Мемфис.

Да додадеме дека натпреварот го одбележа тепачка меѓу навивачите на трибините.

Треба да знаете
Последни објави