Search

Несторoвски со гол и асистенција се одјави од Удине

По цели три сезони минати во дресот на Удинезе, Илија Несторовски вечерва го одигра својот последен меч за тимот ид Удине. Тој се збогува со Удинезе и тоа со стил. На гостувањето кај Салернитана нашиот интернационалец заедно со својот тим победија со 0:4. А во преден план беше Македонецот. И не само поради прекрасниот гол во 34.минута за 0:2, и не само поради асистенцијата за 0:4 во 57.минута, секако и поништениот гол поради наводен офсајд во 71.минута, туку и поради целиот настап и впечаток кој што го остави Македонецот.

Постигна гол за Удинезе по цели 15 месеци, и тоа на последниот свој меч.

Сега е време за нови предизвици за Илија Несторовски, за еден од нашите најдобри фудбалери во последната деценија.

И покрај овој пораз Салернитана остана во Серија А, и тоа поради фактот дека Каљари како гостин одигра само 0:0 кај Венеција.

Па така од Серија испаднаа Каљари, Џенова и Венеција, додека Салернитана се спаси.

Треба да знаете
Последни објави