Search

Нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ – реакција на прес конференцијата на Татјана Прентовиќ од СДСМ за зголемение откупни цени за земјоделските производи.

„СДСМ во недостиг на идеи и корисни мерки шират лажни вести.

Земјоделците две ипол години го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а  од СДСМ велат дека земјоделието бележи позитивни резултати.

Цените со кои СДСМ се фали се реалност само во нивните бледи изјави и прес конференции, реалноста помеѓу земјоделците е сосема поинаква.

Нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски. И што е најстрашно не ги задоволуваат ниту основните трошоци за производство.

СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап,  немаат ни за леб. Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално.

Неспособноста на СДСМ се виде за овие три години. Потребно е под итно да се распишат предвремени парламентарни избори и да се стави крај на уништувањето на земјоделието. Време е да се започне обнова на Република Македонија.“

Треба да знаете
Последни објави