Search

Прентовиќ: Значително зголемени откупните цени, се вреднува и цени трудот на земјоделците

После 11 години потценување на  земјоделците, развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати, рече на прес конференција, Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.
-Се вреднува и се цени трудот на земјоделците. Тоа го потврдуваат и официјалните податоци.
Зголемена е вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи. Истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома и но и на странскиот пазар.
Оваа година, откупната цена на краставицата во јули е зголемена за 145,8 проценти. Ако се спореди со  јуни 2013, кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти. Кај доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто. Во споредба со јули, 2015 година, цената на доматите е зголемена за 143 отсто.  Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година. Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм. Тоа е зголемување од 67 отсто.
Според неа, откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година, за 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката.

-Правилните политики во земјоделството и напредокот на земјава на евро-интегративниот пат ја зголеми побарувачката на нашите производи на странските пазари. Извозот на конзервиран зеленчук во 2018 година е зголемен за 6% и изнесува 42.4 милиони евра.
За 19% е зголемена вредноста на извезената краставица и тоа најмногу на пазарите на ЕУ.
Пораст на извозот од 16 отсто има и кај праските. Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата.
Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерствот за земјоделство остануваат посветени на понатамошен развој на земјоделството во интерес на земјоделците. ЗБОРОТ ВАЖИ!
Треба да знаете
Последни објави