Search

Нема олеснување на ограничувањата во киносалите во Велика Британија

Британскиот министер за култура Оливер Доуден изјави дека нема да има олеснување на ограничувањата во киносалите во услови на зголемен број на инфекции со Ковид-19.

Министерот беше гостин во емисијата на Ендру Мар, и во разговорот потврди дека остануваат на сила времените мерки против ширење на коронавирусот.

„Интензивно работиме со сите уметнички сектори и киносали за да видиме како можеме да ги ублажиме ризиците“.

Кината и театрите се најтешко погодени од мерките за самоизолација и правилата за социјално дистанцирање, коментираат британските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави