Search

НБА „ол-стар” натпреварот имаше поголема гледаност од ланскиот

Раководството на кошаркарската НБА лига објави дека „ол-стар” натпреварот во просек го гледале 7,3 милиони гледачи, што е за осум проценти повеќе во однос на минатата година.

Четвртата четвртина која се играше без пауза ја следеле во просек осум милиони гледачи.

Натпреварот се играше во неделата во Чикаго. Ова беше 69. натпревар на сите ѕвезди на кој тимот на Леброн Џејмс го надигра тимот на Јанис Адетокумбо со резултат 157:155.

Треба да знаете
Последни објави