Search

На паркинг во Загреб се отвори дупка, во која пропаднал автомобил

На паркиралиште во Загреб се отворила дупка, а настанот вознемирил многу станари од околните згради. Како што пренесува порталот „24сата“, наводно дошло до пукање на цевки под асфалтот, по што се отворила и дупката.

„Се слушна некаков пукот. Потоа следеше звук на рушење, како кога се урива ѕид. Се стрчавме кон балконот и ја видовме дупката, долу на паркиралиштето. Врз неа имаше автомобил, не можев да забележам дали беше целосно пропаднат“, изјавил еден од станарите.

Како што пренесува хрватскот портал, инцидентот се случил во петокот вечерта, а дупката која се отворила во асфалтот била со дијаметар од околу 1 и пол метар, при што во неа делумно пропаднал и еден паркиран автомобил.

Дупката била затворена веќе наредниот ден, а веднаш потоа биле отстранети и знаците за предупредување околу неа. Локалните власти соопштиле дека дошло до дефект на подземна цевка, што резултирало со отворање на дупката.

Иако дупката е затворена, станарите не паркираат во близина на местото каде што истата се појавила. Околу местото на дупката од двете страни се слободни по најмалку две паркинг места, пишува „24сата“.

„Од сега па натаму ќе паркирам на соседната улица“, кратко изјавил млад човек кој живее во една од блиските згради.

Треба да знаете
Последни објави