Search

Натпреварот Македонија – Косово презакажан за 3 септември

Претставниците  на 55 членки на УЕФА на денешната видео-конференциска седница донесоа одлука за поместување на бараж натпреварите од Лигата на нации преку кои може да се стаса на завршницата од ЕП кое недомна од годинава беше поместено за 2021 година. Тоа занчи дека е одложен по вторпат и натпреаврот од полуфиналето во Ц сегментот на Лигата на нации, меѓу Макеоднија и Косово. Победникот од овој натпреавр во финалето ќе игра со поуспешниот од дуелот Белорусија – Грузија.

Полуфиналните натпревари од Лигата на нации се поместени за 3 септември, а финалето за 8 истиот месец. Претходно овие натпревари беа закажани за 26 март, а поради пандемијата УЕФА ги презакажа за 4 јуни, но со оглед дека ситуацијата се уште не е под контрола, УЕФА во договор со националните асоцијации го договори новиот датум.

Во текот на денот се очекува официјална потврда на оваа одлука од надлежните кои ги водат натпреаврувањата како и договорот како да се заокружи сезоната во клупските натпреварувања кои се под јуриздикција на УЕФА. Завршниците од Лигата на шампионите и Лига Европа се планираат за крајот на јули и почетокот на август. Истите може да се играат и без присуство на гледачи.

Треба да знаете
Последни објави