Search

Нант на Лазаров пријави двајца позитивни играчи на коронавирусот

Францускиот ракометен тим Нант за кого настапува капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров објави дека во своите редови има два позитивни случаи на коронавирусот. Заразниот висру во тимот на Нант влезе по гостинските натпреаври кои ги одигра оваа екипа од француското првенство со Монпелје и од ЛШ со данскиот Алборг.

Позитивните тестови се појавиле по редовните прегледи на францускиот тим. Играчите кои имаат позитивни тестови веднаш се испратени во самоизолација. Клубот веднаш закажа нови вонредни тестирања за денеска и нагласи дека се преземени сите мерки за заштита на ракометарите и челновите на екипата според сите здравствени-протоколи. Доколку новите тестови бидат негативни, Нант ќе продолжи со тренинзите и подготовките за обврските во француското првенство кои му претстојат в недела.

Треба да знаете
Последни објави