Search

Надал по поразот во Рим: Не бев на ниво

Вториот тенисер во светот, Рафаел Надал изјави дека не го играл својот најдобар тенис во Рим. Аргентинецот Диего Шварцман го победи Надал по два сета (6: 2, 7:5) и се пласираше во полуфиналето.

Надал по мечот призна дека не бил на неговото препознатливо ниво.

– Јас не бев на мое ниво, и тој играше одлично и кога ќе се случи такво нешто, тогаш е реално да се изгуби натпревар. Одиграв два добри натпревари по паузата и сега еден лош натпревар, имав долга пауза и не играв долго време. Тој играше доволно добро и нема премногу изговори. Тоа се фактите. Беше тешка ноќ за мене. Условите беа лоши. Беше многу влажно и топката не отскокнуваше како што треба. Тешко ми беше да ја играм својата игра, рече Надал. .

Надал има уште една недела да се подготви за Ролан Гарос, кој го има освоено 12 пати.

Отвореното првенство на Франција започнува на 27 септември.

Треба да знаете
Последни објави