Search

Мурињо со најсилниот состав ќе ја напдане Шкендија

Англискиот  фудбалски премиерлигаш Тотенхем е вечерашниот предизвик за последниот македонски претставник на меѓународната клупска сцена, тетовска Шкендија. Натпреаврот без присуство на гледачи ќе се одигра на арената „Тодро Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот.  Овој натпреавр е од 3. коло во второто по ранг клупско натпреаврување Лига Европа.

Тотенхем предводен од трофејниот Жозе Мурињо е изразит фаворит. Тоа што Шкендија ја има аутсајдерската позиција не го опушта Мурињо кој за вечерашниот дуел најавува почеток со најсилниот состав кој го има на располагање. Нема да смета на последните засилувања на тимот  Герет Бејл и Серхио Регуилон кои и не допатуваа во Скопје.

На голот ќе биде Хуго Лорис, на страничните позиции ќе играат Мет Доерти и Бен Дејвис, а централни стопери се Тоби Алдерверелд и Ерик Даер. Во средниот ред како дефанзивни играчи за врска ќе бидат поставени Хари Винкс и Пјер-Емил Хојбјерг, пред нив шанса да заигра по неколку меча пауза ќе добие Деле Али, а на крилните позиции се Хјонг – Мин Сон и Стивен Бергвајн. Најистурен во нападот ќе биде капитенот на англиската фудбалска репрезентација и еден од најдобрите напаѓачи во Европа, Хари Кејн.

 

Треба да знаете
Последни објави