Search

Мрме повика пет нови кандидати за дуелот со Грузија

Македонската фудбалска репрезентација откако избегна пораз на гостувањето кај Естонија (3:3), в среда во Скопје (20.45 ч.) ја очекува нов натпревар од 4. коло во групата од Лигата на нации против Грузија, селекција со која на 12 ноември ќе ги вкрсти копјата во Тбилиси за место на ЕП-2020. Оваа увертира за можеби најзаначајниот натпревар во историјата на македонската репрезентација, „црвеножолтите“ нема да ја одиграат со најсилниот состав. Селекторот Игор Ангеловски – Мрме по враќањето од Талин испрати покани дури за петмина нови кандидати за составот на тимот. Од нив дури четворица се од македонското првенство Дарко Мицевски од Вардар, Томе Китановски од Македонија ЃП и Енур Торе и Љупчо Дориев од тетовска Шкендија. Прекомандуван меѓу сениорите е стоперот на тимот до 21 година Агрон Руфати од украинската Зорја, кој поради жолти картони не може да игра за Македонија У21 на квалифиакцискиот дуел против Израел.

Дуелот со Естонија поради повреди го пропуштоја Аријан Адеми, Егзон Бејтулаи и Кристијан Тошевски, тие не се во конкуренција ниту за натпреварот со Грузија. Против Грузија поради жолти картони нема да настапат Енис Барди и Висар Муслиу, а Ферхан Хасани е ослободен од обврските.  Стефан Сприровски се повреди против Естонија.

 

 

Треба да знаете
Последни објави