Search

Москва: Грузиската опозиција е виновна за протестите

Русија ја обвинува грузиската опозиција дека се обидува да спречи подобрување на односите меѓу двете земји, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на ТАСС.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „радикалните” сили намерно организираа протести минатата ноќ.

Во соопштението се додава дека Москва ќе продолжи да се обидува да ги подобри односите со Тбилиси.

Маса луѓе испровоцирани од посетата на рускиот пратеник се обидоа синоќа да влезат во Парламентот на Грузија во Тбилиси, пробивајќи го полицискиот кордон и фрлајќи шишиња, на што полицијата одговори со солзавец.

Руското влијание во Грузија останува политички чувствително прашање, според Ројтерс, и потсетува дека оваа земја, сојузник на САД, водеше и загуби кратка војна со Москва во 2008 година.

Русија и Грузија оттогаш немаат дипломатски односи, а Москва ја призна независноста на двата отцепени региони Јужна Осетија и Абхазија, каде што сега се стационирани руски војници, пишува Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави