Search

Молбата од Србија за руска помош нема да остане без одговор

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека молбата за помош од Русија, која пристигнала од Белград, нема да остане без одговор.

„Не сум целосно запознаен дали од Србија дошло барање за помош. Во секој случај, нема сомнение дека таа молба нема да остане без одговор, особено затоа што е важна, сојузничка и братска земја“, истакна Песков.

Српската влада на седницата донесе одлука да побара помош од Русија поради состојбата со коронавирусот.

Србија побара конкретна помош според Договорот за соработка на Србија и Русија во вонредни услови.

Официјалниот предлог го достави Министерството за внатрешни работи.

За ова зборуваше и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, кој во разговор со српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, истакна дека, како и секогаш, Русија ќе ѝ помогне на Србија во набавување дополнителна медицинска опрема неопходна во случај на нагло зголемување на бројот на пациенти.

Треба да знаете
Последни објави