Search

Младиќ од ќелијата во Хаг во ТВ емисија во живо го повика Шешељ на партија шах

Командантот на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ кој е осуден за воени злосторства утрово телефонски бил вклучен во утринската програма на српската телевизија „Хепи“ и зборуваше со гости во студиото.
Во емисијата гости беа синот на Младиќ, Дарко, лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, кој исто така е осуден за воени злосторства, како и членот на руската Дума, Павел Дорохин, а во која телефонски се вклучи и Ратко Младиќ.

– Ве сака дедо Ратко. Дарко, кажи му на Војо да дојде да играме шах, бидејќи последниот пат го победив 7: 1…, рече Младиќ во утринската програма.

Тој го поздрави синот на Воислав Шешељ, велејќи дека тој ќе биде подобар од својот татко, исто како што и неговиот син е подобар од него, а потоа се обрати на руски јазик.

-Специјален поздрав за Русија. Поздравете ја Комунистичката партија на советската…се извинувам, на руската федерација. Поздрав до Павел и нека ги отвориме очите што сака овој НАТО, премногу  се шират кон Русија. И Војо нека подослабне малку. Бидете живи, рече Младиќ.

Генералот издржува казна доживотен затвор за воени злосторства во БиХ. Тој беше осуден за 10 од 11 точки од обвиненијата пред судот во Хаг.

Треба да знаете
Последни објави