Search

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се оградуваат од криминалите на Груевски

Според Снежана Калеска- Ванчева, пратеничка на СДСМ,11 години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ нашата држава беше заробена во изолација, неизвесност, скарана со соседите, далеку од ЕУ и НАТО.

-11 години ВМРО-ДПМНЕ со антидржавните политики правеше поделби меѓу граѓаните, по национална, верска и партиска основа. Човековите права секојдневно се погазуваа, а државата беше на дното по медиумските и новинарски слободи. ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не повика на заедништво, на обединување во реализацијата на државните и национални интереси. Таквото деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и денес. И ден денес почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден бегалец Никола Груевски од Будимпешта се уште повикува на пресметки и на пресретнување во  темни улички.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не се оградуваат од криминалите на Груевски, туку работат по негови директиви. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се посветени единствено на деструкција, лажни вести и очајнички обиди да се закочи напредокот. Се уште ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се оградија од криминалите направени за нивното 11 годишно владеење. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште седат во белиот дворец кој е симбол на криминал, корупција и расипништво. ВМРО-ДПМНЕ беше и останува симбол на деструкција, на неодговорно и антидржавно однесување, рече Ванчева.

Треба да знаете
Последни објави