Search

Мицевски: Во време на уставни измени, Владата на мала врата протнува неприфатливи закони

Во време на уставни измени, Владата на мала врата протнува неприфатливи закони, обвини координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Тој побара предлог-законот за личен доход со кој се воведува прогресивен данок, како и владиниот предлог-закон за придонеси од задолжително социјално осигурување да се тргнат од дневен ред.

Овие законски реформи според опозициската ВМРО-ДПМНЕ се неприфатли од граѓаните и треба повеќе време за дебата и инклузивност, додаде Мицевски.

Предлогот овие точки да се тргнат од дневниот ред беше отфрлен, по што следуваше половина час пауза, која исто така е на барање на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да имаат време, како што рекоа да ги разгледаат и да се подготват.

Треба да знаете
Последни објави