Search

Миркуловски се префрла во тренерски води

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Филип Миркуловски во новата 2020/21 веројатно ќе ги одигра последните натпревари во дресот на Вецлар, но најверојатно и во кариерата бидејќи веднаш потоа ќе се префрли во тренерски води, пишува „24Ракомет.мк“.

-Ќе тренирам 2-3 пати неделно со колегите, но ќе имам и задача за да направам видео анализа. Покрај тоа ќе имам и нова улога со оглед на тоа што имам добро познавање на клубовите на Балканот и многу контакти. Ќе бидам скаут за ова подрачје и ќе се обидеме да привлечеме многу млади таленти во екипата за да можеме да бидеме сè подобри“, коментира Миркуловски во интервју за германските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави