Search

Милан подготвува забава за својот 120. роденден

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ е многу блиску до потпишување на договор со Милан, а според некои италијански медиуми, претставувањето на Златан како ново засилување за „росонерите” ќе се случи за две недели.

На 15 декември, Милан ќе прослави 120-годишнина од своето формирање, по тој повод ќе има прослава на која е поканет и поранешниот претседател Силвио Берлускони, во чие време клубот доминираше во Италија и Европа.

За збогатување на прославата, во Милан планираат тој ден да го претстават Ибрахимовиќ како нов член на клубот, чиј дрес тој веќе го носеше во минатото. Според одредени шпекулации Ибрахимовиќ најверојатно ќе потпише договор со Милан во траење од 18 месеци.

Треба да знаете
Последни објави