Search

Милан има резервни опции за нов напаѓач

Милан ќе се потруди да привлече во јануарскиот трансфер прозорец еден од двајцата напаѓачи на Ливерпул, Дивок Ориги и Даниел Стариџ, откако не успеа враќањето на Златан Ибрахимовиќ во клубот, тврди „Газета дело Спорт”.

Швеѓанецот е основната трансферна цел на составот, но неговото пристигнување на „Сан Сиро” нема да се исполни заради семејството на Ибра, кое исклучително добро се чуствува во Лос Анџелес, и откако неговата жена и двата сина, немаат желба да одат во Италија.

Јирген Клоп ги искористи двајцата напаѓачи пред се како резерви, така што не е никаков проблем за тимот од Милан да привлече еден од нив во составот, било да е под наем или пак за постојано.

Меѓу другите опции пред тимот се Алесандре Пато, како и Педро Гилерме од Флуминензе.

Треба да знаете
Последни објави