Search

Милан го сака Жардим на тренерската функција

Раководството на Милан има намера да го разреши Џенаро Гатузо од функцијата главен тренер на крајот на тековната сезона. Според „Кориере дело спорт” „росо-нерите” ќе го поканат предводникот на Монако Леонардо Жардим да го наследи Гатузо на тренерската позиција.

За потсетување, 44-годишниот Жардим го води Монако од 2014 година. Под негово водство, кулбот од Кнежеството го освои првенството на Франција во сезоната 2016/17. Во октомври 2018 година, Португалецот беше разрешен од функцијата како главен тренер, но во јануари 2019 година тој беше вратен назад. Неговиот договор со Монако важи до летото 2021 година.

Милан во пресрет на утрешното последно коло од Серија А се наоѓа на петтата позиција на табелата со 65 бода.

Треба да знаете
Последни објави