Search

Милан го продаде Андре Силва на Ајнтрахт

Милан објави дека напаѓачот Андре Силва е продаден на Ајнтрахт (Франкфурт). Соопштението беше објавено синоќа, а продажбата на Анте Ребиќ од германскиот тим на „росонерите” се очекува да биде финализирана во наредните денови.

Андре Силва и Ребиќ беа разменети на закуп на две години. Потоа, двата клуба изразија желба трајно да ги задржат играчите, но преговорите за двата трансфери одеа одделно.

– Милан може да го објави трансферот на Андре Силва во Ајнтрахт (Франкфурт) со траен договор. Клубот му посакува сè најдобро во иднина и му благодари за професионалноста, изјави Милан.

Дваесет и четири-годишниот Португалец беше привлечен од „Сан Сиро” од Порто во 2017 година за 38 милиони евра. Сепак, тој никогаш не успеа да ги оправда големите очекувања.

Напаѓачот последователно беше испратен на позајмица прво во Севиља, а потоа и во Ајнтрахт. Сега тој потпиша траен договор со Германците до 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави