Search

Меси ќе го прескокне првиот дуел во Примера

Капитенот на шпанскиот фудбалски првак Барселона, Аргентинецот Лионел Меси нема да ги предводи своите соиграчи на стартот од новата сезона во Примера. Барселона утре ќе стартува во новата сезона во Шпанија против Атлетик Билбао, а Меси поради повреда нема да му биде на располагање на тренерот Валверде.

Меси ги пропушти припремите во САД и пријателските натпревари против Наполи мината недела. Аргентинецот се здоби со повреда на листот на тренинг, па од тогаш тренира одвоено од тимот. Валверде потврди дека Меси ќе го пропушти првиот меч за да не ризикува за нова повреда.

Треба да знаете
Последни објави