Search

Мел Си речиси ќе ја исфрлеле од „Спајс грлс“ по кавгата со Викторија

Мелани Си за малку ќе била исфрлена од „Спајс грлс“ откако се скарала со Викторија Бекам.

Поп-ѕвездата (48) се прослави заедно со Викторија (48), Ема Бантон (46), Мел Би (46) и Гери Халивел (50), како дел од некогаш популарниот бенд девојки од 90-тите, но објасни дека кавгата можела да ја чини место во фамозната петорка уште пред да го издадат револуционерниот деби сингл Wannabe.

„Нешто се случи доста рано во патувањето на ‘Спајс грлс’, и малку се скарав со Викторија на доделувањето на британските музички награди (Брит-авордс) во ’96-та. Имаше мал испад, и ми се закануваа дека ќе ме исфрлат од бендот“, рече таа во интервју за „Ентертејнмент тунајт“.

Хитмејкерката (Say You’ll Be There) откри дека во тој момент станала опседната со контрола над себе, што на крајот довело до нарушување во исхраната додека се борела со светската слава.

 

Треба да знаете
Последни објави