Search

Мекгрегор се повлекува од борењето, ќе продава виски

Поранешниот шампион во УФЦ во две категории и најголемата ѕвезда во ММА, Конор Мекгрегор објави дека се повлекува од спортот. Утринава, целосно неочекувано, Мекгрегор на Твитер напиша дека завршил со „спортот, односно формални натпревари во мешани боречки вештини“.

„Еј, луѓе, кратко објаснување. Решив да се повлечам од спортот со формалните натпревари. На сите мои колеги им посакувам добро во иднина. Сега се приклучувам на моите поранешни колеги, кои се во пензија“, напиша Мекгрегор.

Ова беше целосно неочекувано, зашто следеше само неколку часа по едно интервју емитувано во забавана програма, во која Мекгрегор потврди дека преговара за враќање во рингот во јули. По веста се огласи и првиот човек на УФЦ, ДЕна Вајт.

„Мислам дека има пари за да се пензионира, а неговото виски е одлично на пазарот. Иам смисла. Да сум на негово место и јас би се повлекол. Тој се повлекува од тепањето, но не и од бизнисот. Виските ќе го исполнува, а сигурен сум дека има и други работи на кои работи“, вели Вајт.

Да потсетиме, Мекгрегор и во 2016 година реши да се повлече, кога заглавија преговорите за реваншот со Нејт Дијаз, но на крајот се бореше само еден месец подоцна. Освен тоа, воопшто не е тајна дека со него тешко се преговара.

Треба да знаете
Последни објави