Search

МВР со официјална информација за трагедијата во ФФМ

Вчера во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар АСНОМ, скопјанецот В.П.(56), вработен во приватна фирма, паднал со кранот на кој бил качен и починал на самото место.

Според полицијата, несреќата се случила додека В.П. извршувал работни задачи. Тој бил качен на кранот од надворешната страна на зградата на ФФМ, но во еден момент кранот на кој бил работникот паднал. Работникот починал на местото на настанот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а при падот на кранот биле оштетени два „голфа“ со скопски регистарски ознаки.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен државен трудов инспектор и јавен обвинител.

Треба да знаете
Последни објави