Search

Мбапе го извести раководството на ПСЖ дека сака да го напушти клубот

Напаѓачот на францускиот фудбалски првак Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, и порача на управата на клубот дека сака да го смени тимот, пренесува „OK Diario”.

Според изворот, 21-годишникот сериозно размислува да се пресели во Реал Мадрид и сака да го напушти клубот од француската престолнина.

Оваа сезона во Лига 1, Мбапе одигра пет натпревари, на кои постигна шест гола и забележа четири асистенции.

Треба да знаете
Последни објави