Search

Мајнц му порача на Клоп конечно да го пресели Вернер во Англија

Германскиот фудбалски бундеслигашот Мајнц со хумор реагираше на поразот од Лајпциг (0:5). Од петте примени гола, три се дело на Тимо Вернер. По ова Мајнц се сврте кон тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

– Клоп, дали конечно можеш да го собереш? – се вели во пораката на профилот на Твитер на Мајнц, кој одговори на објавата дека клубот треба да го мрази Вернер поради двата хет-трика во својата мрежа оваа сезоната.

Претходно постојано се пишуваше дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за Вернер.

Клоп ја помина скоро целата своја кариера како фудбалер во Мајнц. Од 2001 до 2008 година, тој беше тренер на овој тим.

Треба да знаете
Последни објави