Search

Мајкл Б. Џордан како „Црниот супермен”

Втор проект за „Црниот супермен” ќе биде во фаза на продукција на „Ворнер брос”, со Мајкл Б. Џордан кој работи на тоа за „ХБО Maкс”. Се работи за мини-серија.

Верзијата на Џордан би се сосредоточила на верзијата во која Супермен е црнец, по име Вал-Зод, кој исто така потекнува од планетата Криптон, но од различен универзум. Исто како и оригиналниот стрип-суперхерој, по смртта на неговите родители тој е испратен на Земјата и ја презема наметката на Супермен.

„ХБО макс” има и други проекти засновани на „ДЦ комикс” меѓу кои има и одгранок-продолженија на „Одредот на отпишаните” и „Бетмен”, како и серијата „Зелениот фенер”. Освен тоа, компанијата ги презеде и сериите „Титани”, „Харли Квин” и „Патрола на проколнатите”.

Треба да знаете
Последни објави