Search

Мафијашка пресметка на црногорските кланови продолжи во Херцег Нови

Утринава во црногорксиот град Херцег Нови во 9.10 часот е убиен Шќепан Рогановиќ, кој во полициските евиденции е близок со кавачкиот клан, соопштено е од полицијата за порталот „ЦдМ“.Според неофицијални информации ова убиство е продолжениe нa пресметката меѓу шкаљарскиот и кавачкиот клан. Рогановиќ бил убиен на скали кои од Канли кулата водат кон градот. Во него се испукани 5 куршуми.

Поради убиството, полицијата била принудена целосно да го блокира градот. По извршителот на ликвидацијата се уште се трага.

Шќепан му е брат на Душко Рогановиќ, кој тешко беше повреден во експлозија на бомба во Херцег Нови во 2017 година.

Рогановиќ во екплозијата останал без двете нозе. Додека се лечел, таткото на Шќепан и Душко, Нико Рогановиќ е убен во заседа пред својот стан во Херцег Нови. Кон него пукале двајца напаѓачи.

На крајот на 2018 година во Виена е убиен роднина на Шќепан и Душко, Владимир Рогановиќ.

Треба да знаете
Последни објави