Search

Маск: Ова е прв чекор на патот кон цивилизација на Марс

Американските астронаути Роберт Бенкен и Даглас Харли од денеска се двајцата нови членови на 63-иот екипаж на Меѓународната вселенска станица, откако нивната капсула „Crew Dragon“ се спои со станицата.

Компанијата Спејс Икс на милијардерот Илон Маск во саботата од Флорида во орбитата на Земјата успешно ја лансираше ракетата носач „Falcon 9“ во која прв пат по повеќе од девет години беа двајца астронаути на НАСА кои полетаа од територијата на САД.

Ова е историски успех на компанијата на „технолошкиот“ могул Маск, сопственик и на компанијата за производство на електрични возила Тесла,  кој со своите ракети сака да ги направи летовите во вселената поефтини и почести.

– Навистина сум преплавен со емоции. Тешко е да се зборува, искрено. Поминав 18 години работејќи за ова, тешко е да се верува дека тоа навистина се случи. Тешко е да се сфати сето тоа. Се надевам дека ова е првиот чекор на патот кон цивилизацијата на Марс, кон мултипланетарен живот, база на Месечината и проширување над границите на Земјата, рече Маск.

Треба да знаете
Последни објави