Search

Манчестер jунајтед побара дозвола за 1.500 места за стоење на „Олд Трафорд”

Раководството англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед за да ја врати атмосферата на стадионот „Олд Трафорд“ побара да добие дозвола за сместување на трибините 1.500 навивачи на стоење. Овие места ќе се наоѓаат во посебен безбедносен сектор на стадионот и ќе имаат посебна ограда. Наменети ќе бидат за оние „најбучните” навивачи на клубот кои ја создаваат атмосферата на стадионот.

Во моментот, барањето на Манчестер испратено до Премиер лигата сè уште се обработува. Иницијативата е со цел да се врати фудбалската атмосфера на „Олд Трафорд”.

На стадионите во Англија беше забрането стоење по големите нереди во 80-те години од минатиот век. Државата оваа мерка ја воведе како една од повеќето во борбата со англиските хулигани.

Минатата година Волверхемптон на својот стадион воведи сличен сектор за стоење каков што бара Манчестер.

Треба да знаете
Последни објави