Search

Манчестер сити сака да потроши 330 милиони евра за трансфери

Англискиот вицешампион, Манчестер сити има намера да го засили својот состав во текот на летниот преоден рок.

Според „The Athletic”, управата на англискиот клуб издвоила 330 милиони евра за трансфери.

За потсетување, во февруари УЕФА го суспендираше Манчестер сити од учество во европски натпреварувања две сезони заради кршење на финансискиот фер-плеј. Сепак, клубот ја доби жалбата пред Судот за спортска арбитража (КАС).

Треба да знаете
Последни објави