Search

Макрон: Се соочувам со избори за нов пат

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во разговор за регионалните медиуми рече дека има намера да зацрта нов пат со нов тим, потврдувајќи дека ќе има реконструкција на владата во наредните денови.

„Се соочувам со избори за нов пат. Постојат нови цели за независност, обновување, помирување и нови методи што треба да бидат започнати. Зад нив ќе застане нов тим“, рече францускиот претседател.

Макрон е нејасен во врска со задржувањето на функцијата премиер на Едуард Филип, кој беше на таа позиција од изборите на Макрон за 2017 година.

Според неодамна спроведеното истражување, 57 проценти од Французите сакаат Едуард Филип да остане премиер.

Откако ги повика Французите да се подготват за многу тешка економска есен, Макрон ги прецизираше и приоритетите на вториот дел од неговиот мандат кој завршува пролетта 2022 година и рече дека насоките на следната влада ќе бидат економско закрепнување, социјална заштита и заштита на животната средина, воспоставување праведен поредок, одбрана на европскиот суверенитет.

Макрон, исто така, ја поздрави врската изградена со германската канцеларка, Ангела Меркел, што резултираше со предлог на план за обновување од 750 милијарди евра на европско ниво, како одговор на кризата со коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави