Search

Македонските претставници во ЛЕ ги добија противниците во првото квалификациско коло

Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров и Шкупи ги добија своите противниците во првото квалификациско коло за второто по квалитет натпреварување на Стариот континент – Лигата на Европа.

„Пандевци” за противник го доби Зрињски од БиХ. Првиот меч се игра во Скопје, а реваншот е на гостински терен недела подоцна.

Македонија ЃП за противник го доби ерменски Алашкерт, а првиот дуел го игра нагости.

Шкупи, исто така, ќе има противник од Ерменија, откако излегува против Пјуник. Скопскиот тим прво треба да гостува, а потоа да го одигра својот меч на домашен терен.

Првите натпревари се закажани за 11 јули, а една недела подоцна, 18 јули, ќе се одиграат реваншите.

Треба да знаете
Последни објави