Search

Македонија со најлош пласман во историјата на ЕП 2022

По крајот на натпреварот меѓу Белорусија и Австрија, јасна е позицијата на Македонија на овој еврошампионат. Нашата селекција заврши на 22-та позиција од вкупно 24 учесници на Европското првенство.

Ракометната репрезентација на Македонија ги заврши настапите во групната фаза на Европското првенство (ЕП) во Унгарија и Словачка, а по трите порази забележан е и најлошиот пласман во историјата на континенталните собири.

По крајот на натпреварот меѓу Белорусија и Австрија, јасна е позицијата на Македонија на овој еврошампионат. Нашата селекција заврши на 22-та позиција од вкупно 24 учесници на Европското првенство.

Полошорангирани од Македонија се само репрезентациите на Босна и Херцеговина и Украина. Македонија во групната фаза загуби од Словенија, Црна Гора и Данска. Следна цел на тимот на Лазаров ќе биде пласман на СП 2023.

Треба да знаете
Последни објави