Search

Македонија на поправен против Летонија во Дејвис купот

Македонската тениска репрезентација денеска ќе има шанса за поправен против Летонија, во три меча, два сингл и еден во двојки, во натпреаврите од Б групата во третата евро-зона на Дејвис купот што се одржува во Атина.

Во првиот натпреварувачки ден, македонските тенисери загубија 3-0 од Естонија,  која беше носителот на групата и највисоко рангираната репрезентација во групата Б. Тениската репрезентација на Макеоднија, утре за противник ќе ја има соодветната селекција на Црна Гора.

Натпреварите од третата европска група во Дејвис купот се одржуваат од 11 до 14 септември во Атина, а учествуваат осум репрезентации поделени во две групи.

В сабота, репрезентациите што ќе бидат први во двете групи ќе играат за првото место на турнирот, додека пак вторите ќе се борат за третото место. Сите четири селекции кои ќе настапат во завршницата, во март следната година ќе играат во плеј офот за пласман ранг погоре, во втората лига.

Останатите четири репрезентации, односно оние  репрезентации кои ќе завршат на третата и четвртата позиција од двете групи, исто така во сабота, ќе играат меѓу себе за опстанок во Третата лига. Двете поразени екипи ќе бидат префрлени во четвртата зона на Дејвис купот.

Треба да знаете
Последни објави