Search

Лук де Јонг во 92. минута донесе победа на Барселона

Барселона си замина со три бода од гостувањето кај Леванте, домаќините добро го намачија фаворитот и загубија во финишот од мечот, Лук де Јонг погоди во 92. минута за триумф од 2-3.

Леванте и Барселона одиграа возбудлив натпревар со пет погодока. Тер Штеген и Гарсија спречија Моралес да ја понижи целокупната одбрана на „каталонците“ во првото полувреме, па гол серијата почна на стартот од вториот дел.

Моралес од пенал донесе предност за Леванте од 1-0 во 52. минута. Во 56. минута, домаќините добија втор пенал но Тер Штеген го одбрани обидот на Марти.

Чави потоа повлече потег, во игра ги вметна Педри и Гави и за пет минути Барса направи пресврт. Најпрво Обамејанг со глава изедначи на 1-1 за Педри на асистенција на Гави прекрасно да погоди за 1-2.

Во 83. минута, Леванте доби и трет пенал, Малеро беше прецизен од белата точка за 2-2.

Но последниот збор го имаше Лук де Јонг, Холанѓанецот уште еднаш се покажа како одлучувачки и со глава ја затресе мрежата во 92. минута за славје.

Треба да знаете
Последни објави