Search

Личната помошничка на Меган Маркл дала отказ поради притисок на работа

Личната помошничка на Меган Маркл дала отказ поради притисок на работа

Мелиса Тубати, лична помошничка на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, дала отказ поради огромен притисок и сѐ тоа завршило прилично бурно – таа си заминала расплакана од кај благородничката.

Изворот за списанието „Мирор” изјави дека „нејзината работа била таква што таа била под голем стрес и не можела тоа да го издржи”.

– Работела многу, Меган барала многу и таа „излетала од кралскиот дом во солзи… Таа (Мелиса) е исклучително талентирана и имаше клучна улога во успехот на кралската свадба. Им недостасува на сите во палатата Кенсингтон, сведочи неименуваниот извор.

Причините се тие, а самиот повод засега не се открива.

Се шпекулира дека пред свадбата, Маркл се скарала и ја расплакала и нејзината јатрва, сопругата на принцот Вилијам и војвотка од Кембриџ Кејт Мидлтон.

Мелиса Тубати претходно му била помошничка и на пејачот Роби Вилијамс.

Треба да знаете
Последни објави