Search

Ливерпул со 14-та последователна победа во Премиер лигата

Ливерпул забележа 14-та последователна победа во Премиер лигата, откако со 3:1 го совлада Њукасл на „Енфилд”.

Џетро Вилемс (7 ‘) изненадувачки го отвори резултатот во седмата минута, но пред паузата тимот од Мерсисајд го ​​сврти резултатот со два гола од Садио Мане (28’, 40 ‘).

Во второто полувреме Мартин Дубравка направи серија одлични одбрани, но капитулираше по трет пат во 72-та минута кога Мохамед Салах го оформи конечниот резултат.

По дуелот, „црвените” се пет бода пред шампионот Манчестер Сити, кои гостуваат во Норвич во доцниот натпревар од денешната програма.

Треба да знаете
Последни објави