Search

Левандовски се заблагодари, Меси го пофали, а навивачите со петиција бараат да му се додели „Златна топка“ на Полјакот

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси по седми пат во кариерата ја освои „Златната топка“, иако многумина сметаат дека тоа е незаслужено, бидејќи Полјакот Роберт Левандовски од бундеслигашот Баерн Минхен имаше одлична година и тој требало да биде освојувач на престижната ин дивидуална награда.

Меси доби најмногу гласови во изборот, 33 повеќе од Левандовски. Полјакот имаше две фантастични сезони, а  не доби ниту една Златна топка. И Меси кажа дека Левандовски ја заслужил наградата, но сигурно тоа не е голема утеха за полскиот репрезентативец, кој почека да заврши церемонијата, па да испрати порака преку Инстаграм, додека повеќе од 200.000 луѓе покренаа петиција да му се додели „златна топка“ на Левандовски за 2020 година кога поради пандемијата од коронавирусот „Франс фудбал“ одлучи да не ја организира манифестацијата.

-Прво сакам да му честитам на Меси за освојување на наградата. Сакам да се заблагодарам на новинарите кои гласаа за мене. Ја освоив наградата за најдобар напаѓач на годината, но ниту еден фудбалер не може да освои признание без помош од навивачите и тимот. Благодарност до Баерн кој ми даде можност да успеам и да ги остварам соништата. И најважното, голема благодарност до моето семејство“, напиша Левандовски.

Треба да знаете
Последни објави