Search

Левандовски постигна гол петти натпревар во низа, Халанд остана без погодок

Баерн го совлада Ајнтрахт со 5:2 во последниот денешен дуел од 27. коло во Бундеслигата. Баварците ја вратија предноста од четири бода во однос на второпласираната Борусија Дортмунд, која исто така славеше.

Еден од головите за Баерн го постигна Роберт Левандовски. Тој во 46. Минута го совлада гостинскиот голман и ја продолжи серијата од пет средби на кои постигна погодок. Претходно ја затресе мрежата на Келн, Унион Берлин во Бундеслигата, Челзи во Лигата на шампионите, а исто така постигна и два гола против Падерборн во германскиот шампионат.

Ерлинх Халанд немаше попладне на какви што не навикна од стартот на неговата кариера во Бундеслигата, но и покрај тоа, Борусија Дортмунд оствари победа на гостувањето кај Волфзбург.

„Милионерите“ си ја завршија задачата пред големото дерби со Баерн Минхен и славеа со 0:2 на гостувањето на „Фолксваген арена“, средба на која ниту еден од погодоците не беа дело на Халанд.

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс денес го одигра јубилејниот 250. натпревар за „милионерите” во Бундеслигата. Тој беше заменет за време на полувремето поради повреда на ногата.

Борусија Менхенгладбах – Баер Леверкузен 1:3
Фрајбург – Вердер Бремен 0:1
Падерборн – Хофенхајм 1:1
Херта -Унион 4:0

Треба да знаете
Последни објави