Search

Леброн до Коби: Брате, се надевам дека те направив горд

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, му напиша порака на својот добар пријател и легенда на Лејкерс, Коби Брајант, неколку дена откако на клубот му ја донесе 17. титула.

-Се надевам дека те направив горд, брате. Те сакам и ми недостигаш шампионе, напиша Леброн на својата страница на Инстаграм.

Петкратниот шампион на Лејкерс во НБА лигата, Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана ги загубија животите на 26 јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа. Лејкерси освоената титула оваа сезона му ја посветија на Брајант.

Треба да знаете
Последни објави