Search

Лампард ги посочи виновниците за киксот со Вест Бром

Менаџерот на Челси, Френк Лампард воопшто не беше задоволен по ремито на неговиот тим со 3:3 на гостувањето кај Вест Бромвич во натпревар од 3. коло на Премиер лигата.

„Сините” заостануваа со 0-3 по само половина час игра, по неколку грешки во одбраната на тимот. Сепак, со головите на Мејсон Маунт, Калум Хадсон-Одои и Тами Абрахам, момците на Лампард успеаја да освојат еден бод.

Сепак, легендата на клубот и сегашен тренер изјави дека ова се прилично загубени два бода и дека Тијаго Силва и Маркос Алонсо треба да учат од своите грешки.

– Ова се два загубени бода и ова не е непочитување кон Вест Бром. Можам да го пофалам карактерот на тимот, но немаше потреба првично да влеземе во таква ситуација. Страдавме од очигледни грешки. Во првиот гол Алонсо ја расчистува топката во центарот на теренот, во вториот Тијаго Силва прави јасна грешка, тој го знае тоа. При третиот Маркос го испушта човекот на корнер. Можеме да правиме состаноци со тимот колку што сакате, но доколку такви грешки постојат, секогаш ќе си поставуваме тешка задача, заклучи разочараниот Лампард.

Треба да знаете
Последни објави