Search

Лабрадорката Клеа неуморно трага под урнатините во Драч

Полициската лабрадорка Клеа, која заедно со припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување се во Драч, денеска е ангажирна во пребарување на урнатините во градот во потрага по преживеани.

-Двесет и четиричасовна работа, непрекинати акции за пребарување и спасување на исчезнати, неуморни припадниците на тимот на ДЗС и МВР заедно со лабрадорот трагач Клеа, велат од Дирекцијата.

Според последните информации од терен, бројот на загинати во земјотресот во Албнија се искачи на 40, а има над 700 повредени.

Во чистење на урнатините и потрагата по преживеани освен тимот од 42 од ДЗС учествуваат и четворица скопски пожарникари со двајца експерти од Град Скопје кои се опремени со дронови со термални камери.

Треба да знаете
Последни објави