Search

КФСМ нема да ја одржи редовната годишна собраниска седница во предвидениот термин

Пред една година Кошаркарската федарација на Северна Македонија (КФСМ) одржа изборно Собрание, а годинава во овој период нема да ја одржи редовната собраниска седница на највисокиот раковден орган со мак-баскетот.

Како што пренесуваат од федерацијата, поради актуелната состојба со пандемијата на коронавирус, како и согласно Одлуката за мерки за спречување и ширење на коронавирус Ковид-19 од 12 март 2020 година на Владата на Република Северна Македонија, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување и ширење на коронавирус Ковид-19 од 12 мај 2020 година на Владата на Република Северна Македонија, како и Протоколот за одржување на седница на организа на управување и конференции од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство (Прилог бр. 4), во овој период не е возможно организирање на редовното годишно Собрание.

Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување и ширење на Коронавирус COVID-19 од 12 мај 2020 година и Протоколот (Прилог бр. 4), дозволениот број на учесници на еден ваков собир е ограничен до максимум 30 лица.

– Кошаркарската Федерација на Северна Македонија како сериозна и одговорнна организација која е целосно посветена на заштита на здравјето на луѓето, ќе го закаже терминот за одржување на редовното годишно Собрание штом ќе се создадат законски дозволени и целосно безбедни по здравјето на луѓето услови за одржување на истото, за што сите членови-претставници на Собранието на КФСМ ќе бидат уредно и навремено известени – информира Перо Антиќ, претседателот на КФСМ .

Треба да знаете
Последни објави